| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши регуларниот дел од НБА сезоната, време е за плејоф!

plejof

Изминатава ноќ беа одиграни и последните натпревари од регуларниот дел во НБА сезона, по кои познати се сите двојки од првата рунда во плеј-оф разигрувањето на Истокот и на Западот.

Од 2016 година пресуден фактор околу одредувањето на предноста на домашен терен не е повеќе вкупниот број победи и порази, односно пласманот на табелата, туку прво меѓусебниот скор во текот на сезоната меѓу двата ривали, а потоа доколку е израмнето (2-2) дали некој тим ја освоил дивизиската титула.

Само во големото финале прво мерило за одредување на предноста на домашен терен ќе биде пласманот на вкупната табела.

Првите натпревари на стартот од плејофот се играат на 15. април, а веќе е познато дека големото финале ќе стартува на 1. јуни.

Плеј-офот ќе се игра до четири победи по системот (2-2-1-1-1), а во следната рунда ќе се сретнат победниците од сериите 1-8 со 4-5, односно 2-7 со 3-6.

Актуелниот шампион Кливленд нема да има нималку лесна задача во првото коло бидејќи ќе се сретне со секогаш незгодната Индијана.

Интересен ќе биде и дуелот во западната конференција меѓу Оклахома и Хјустон бидејќи меѓусебно ќе играат двајцата најдобри играчи од оваа сезона, Расел Вестбрук и Џејмс Харден.

ДВОЈКИ – НБА ПЛЕЈ-ОФ (прва рунда)

ИСТОК

(1) Бостон – (8) Чикаго

(4) Вашингтон – (5) Атланта

(3) Торонто – (6) Милвоки

(2) Кливленд – (7) Индијана

ЗАПАД

(1) Голден стејт – (8) Портланд

(4) ЛА Клиперс – (5) Јута

(3) Хјустон – (6) Оклахома

(2) Сан Антонио – (7) Мемфис

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top