Асоцијацијата на театарски критичари и театролози од Република Македонија го додели своето првопризнание. Тоа е наградата Театропис, која се доделува по завршувањето на Меѓународниот театарскифестивал Билазора, кој се одржа од 28 март до 7 април во Свети Николе и Штип.
Наградата Театропис е доделена за иновации во сценскиот израз, а добитник на наградата е театарската претстава Животот е магичен круг во продукција на Универзитетот ЕФТА од Скопје, а во режија на професороти актер Мето Јовановски.
Асоцијацијата на театарски критичари и театролози АТКТ ќе ги следи сите театарски фестивали во РепубликаМакедонија и ќе ја доделува наградата Театропис на претстави со иновативен сценски израз, ќе учествува иќе го следи театарскиот живот кај нас и во странство, ќе организира стручни и научни собири, ќе подготвувахронологии, монографии и хрестоматии и други и изданија, ќе иницира манифестации, приредби, програми,проекти и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.