| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Емил Шулајковски во КИЦ

Во изложбените салони –  Империјал 1 и 2 при ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, на 20 04. 2017 (четврток), во 20.00 ч. ќе се отвори самостојната изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски насловена „ Огнена земја“. Со оваа изложба Емил Шулајковски го одбележува јубилејот – 25 години ликовно творештво, а на истата ќе бидат изложени 45 слики изработени во маслена техника создадени последните три години.

„Формите“ и композициските структури на Емил Шулајковски се „градени“ или произлегуваат од визуелната перцепција, односно препознавањето на општи облици или конкретни мотиви (форма или портрет или фигура, композиции, женско тело…) кои се трансформираат во своевидна апстрактна фигурација, при што генерално се работи за универзални претстави со аналогија на миметичкото, во случајов стилизирани портрети и претстави на женско тело кои се раѓаат по повеќе годишна пауза (речиси 20 години).

Дел од текстот на каталогот од Маја Чанкуловска Михајловска

 

Роден во Скопје 1969. Дипломирал на ФЛУ 1992г. Постдипломски студии на ФЛУ, сликарство 2001.

Учество на преку 70 групни изложби во земјава и странство. Има реализирано 25 самостојни изложби во Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Германија и САД. Добитник е на пет национални награди за сликарство. Неговите дела се наоѓаат во приватни и јавни збирки во преку 30 земји низ целиот свет.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top