Мотоциклист е потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум полесно се повредени 10 лица, а во четири е причинета материјална штета.
Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 33 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 12 возачи за време на управување на моторното возило не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и кај 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 59 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 60 возила.
Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Круме Кепески“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.