| четврток, 6 декември 2018 |

Стиви Вондер се жени на 67 години

стиви

На 67-годишна возраст музичката легенда Стиви Вондер планира да помине под венчилото по трет пат.

Новата сопруга ќе биде 42-годишната Томика Брејси, која е мајка на неговите две најмали деца.

Пејачот има уште 7 деца од претходните негови врски. Свадбата ќе се одржи во јуни во Јамајка. Испратени се покани до имиња како Сер Елтон Џон и Сем Смит.

Според извор на Daily Mail се очекува свадбата да биде огромна, неверојатно забавна, а Стиви ќе ги покани сите свои најблиски и драги луѓе.

Изворот изјави уште дека листата на гости е мошне импресивна, а на самиот настан се предвидува да има неколку изненадувачки изведби. Потоа ќе има и огромна забава и целиот ден ќе биде посветен на љубовта, смеата и семејството.

Освен некои од мистериозните изведувачи на празничниот ден, младоженецот исто така, планира да се качи на сцената.

Стиви кој го губи видот на рана возраст, ќе ги потпише документите користејќи два отпечатоци од прсти, додека Томика претстои да го помине на традиционален начин овој процес.

Пренесено е уште дека двојката има потпишано предбрачен договор пред големиот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top