Музичарот Стиви Вондер доби улица во Детроит, каде што ја почна музичката кариера.
Вондер пред два дена присуствуваше на церемонијата во негова чест заедно со градоначалникот Мајк Дуган и член на Претставничкиот дом, Џон Конјерс. На два блока од местото на кое беше првата куќа на Вондер во Детроит, сега се наоѓа Авенијата Стиви Вондер.
Вондер се пресели во Детроит како дете и уште како момче потпиша за познатата издавачка куќа „Мотаун рекордс“.
Во текот на кариерата, Вондер доби повеќе од 20 награди „Греми“, а со Френк Синатра музичарот трипати доби „Греми“ за албум на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Макекдонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев
-
Борисов доаѓа денеска во Скопје на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи
-
Во Скопје, Битола и Штип се одбележуваат 75 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Две години од настаните во кумановското Диво Насеље