| четврток, 6 декември 2018 |

Андреа не се фрлила од мостот – некој ја турнал!

темза

Романката Андреа Кристеа (29), која на 22 март паднала од мостот Вестминстер за време на терористичкиот напад во Лондон, не успеала да се избори со тешките повреди.

Таа после 15 дена борба за живот била исклучена од апаратите кои ја одржувале во живот, бидејќи нејзините органи почнале да откажуваат.

темза2

Долго време се водеше расправа дали Андреа намерно скокнала од мостот бегајќи од лудиот терорист Калид Масуд, дали ја исфрлил автомобилот преку оградата на мостот или некој ја турнал. После деталната истрага била утврдена вистинската причина за нејзиниот пад.

-Андреа дефинитивно не скокнала своеволно во реката, туку некој ја турнал во Темза-, тврди детективот Џон Кросли.

темза3

Докторите соопштиле дека девојката починала затоа што и` откажале органите, поради тешките повреди на главата и последиците од падот во ледената вода…

Андреа тој кобен мартовски ден отишла во Лондон на романтична прослава на 33-от роденден на нејзиното момче. За жал, никогаш не отишле на таа вечера. Во нив налетал Масуд и Андреа загинала, а нејзиниот свршеник се здобил со скршеници на нозете.

Тој пред неколку дена бил отпуштен од болница. Скршен од болка поради смртта на неговата девојка, тој во количка отишол до Вестминстерскиот мост каде што положил бела ружа. Во терористичкиот напад во Лондон загинаа пет, а беа ранети 35 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top