Делови од центарот на Лондон и два фреквентни мостови, беа затворени неколку часови в четвртокот, доцна попладнето, откако во водите на Темза беше открина неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Според лондонските медиуми, биле затворени за движење и сообраќај мостовите „Ватерло“ и „Вестминстер“, како и кејот „Ембанкмент“ покрај Темза, а полицијата подоцна ја затвори и станицата „Вестминстер“ на подземната железница.
Блокадата на овие делови од центарот на британскиот главен град, предизвикаа застој во сообраќајот и проблеми за лондончани.
Мостот и станицата „Вестминстер“ се наоѓаат покрај кулата-часовник Биг Бен и зградата на британскиот Парламент, а целиот блокиран реон е сосема блиску до Вајтхол и седиштето на британската владина администрација.
Блокадата била тргната синоќа, откако специјалните единици на армијата за деминирање ја извадиле „бомбата“.
Утврдено е дека станува збор за експлозивна направа со големина 60 наспроти 30 сантиметри.
Безбедносни експерти стравуваат дека вакви направи, останати од Вторатат светска војна, може да има и понатаму во реката, па делови од Темза, западно од мостот „Вестминстер“ останаа забранети за пловидба, до денеска на пладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.