Министерот за здравство Никола Тодоров во рамки на еднодневната посета на Република Унгарија, денеска оствари работна средба со министерот за човечки ресурси на Унгарија, Золтан Балог и неговиот тим.
Како што соопшти Министерството за здравство, на средбата било разговарано за продлабочување и зајакнување на билатералната соработка во повеќе аспекти од здравството, во насока на целокупно унапредување на квалитетот на здравствените услуги, особено преку доедукација и доусовршување на здравствениот кадар.
-Посебен фокус на средбата беше ставен на размена на искуства во делот на едукација на здравствените работници. Се разговараше за унапредување на програмата за обуки на здравствениот кадар, како и за можноста за обезбедување стипендии за македонските студенти и доктори по медицина во реномирани установи во Унгарија- соопшти Министерството за здравство.
Тодоров и Балог разговарале и за можностите за соработка во областа на електронското здравство, а унгарскиот тим покажал интерес за функционирањето на националниот систем за електронско здравство „Мој термин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.