| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Центар се изживува врз граѓаните на Скопје: Катната гаража готова, Жерновски не дава употребна дозвола (ГАЛЕРИЈА)

Катната гаража „Смилевски конгрес“ веќе два и пол месеца е готова и се чека само на издавање употребна дозвола за нејзино официјално пуштање во работа. При нејзината градба бевме присилени трафостаницата да ја преместиме заради безбедност и сѐ уште немаме добиено одобрение од Општина Центар, информира директорот Цветко Грозданов на АД за станбен и деловен простор при денешниот увид во градежните активности заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski katna garaza smilevski kongres (12)

Катната гаража се простира на површина од околу 6.000 квадратни метри, има 169 паркинг-места и деловни простории од околу илјада квадратни метри. За нејзината изградба се вложени 4,5 милиони евра. Опремена е со најсовремен видеонадзор, а наскоро ќе бидат поставени и паркомати преку кои ќе може да се плаќа паркингот со пари или картичка, а ќе има и специјална служба каде што граѓаните на кои им е потребно ќе може да добијат потврда за платена сметка или, пак, да ја платат сметката доколку не се во можност  да го направат тоа преку паркоматот.

gruevski katna garaza smilevski kongres (10)

Задоволен сум што катната гаража „Смилевски конгрес“ наспроти Македонскиот народен театар е веќе завршена, но за жал два и пол месеци чекаат од Општина Центар да добијат употребна дозвола и не знам зошто се одоговлекува и дали станува збор за политички или технички мотиви. Се надевам дека Општина Центар ќе си ја заврши својата задача зашто илјадници граѓани секојдневно ќе ја користат оваа катна гаража која е во строгиот центар на градот, изјави Груевски.

gruevski katna garaza smilevski kongres (4)

Тој истакна дека преку проектот на Владата за изградба на катни гаражи заедно со Град Скопје веќе се реализирани 6 катни гаражи во централното градско подрачје и е реконструирана подземната гаража под МОБ.

Шест катни гаражи се завршени, а седмата што беше во план беше стопирана од новото раководство на Општина Центар. Заедно со подземната гаража под МОБ која има капацитет од 600 места во најголема мерка е решено прашањето на паркирање на возилата во строгиот центар на Скопје – рече Груевски и додаде дека некои приватни компании изградија или градат катни гаражи во централното градско подрачје.

gruevski katna garaza smilevski kongres (11)

Искористеноста на катните гаражи, како што посочи, се движи од 80 до 90 отсто.

Можам да кажам дека проектот на Владата заедно со градот и со Општина Центар во времето на Тодоровиќ се заокружува. Добрата искористеност на катните гаражи покажува дека постоела голема потреба за нивна изградба и дека беше неоправдана критиката кон Владата дека тоа не е приоритет во моментот. Не може центарот на метрополата да остане без места за паркирање и луѓето да паркираат по плоштади, паркови и тротоари – потенцира Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top