| четврток, 6 декември 2018 |

Млад струмичанец загина во сообраќајка

strumicaМоторциклист загина во страотен судир во Струмица. Според првичните информации се работи за осумнаесет годишниот Р. П. од Струмица. Тој управувал својот мотор, марка „Сузуки“, кога се судрил со автобус на „Струмица експрес“. Од здобиените тешки телесни повреди, починал на лице место.

Несреќата се случила денеска околу 17 часот на раскрсницата пред автобуската станица во Струмица. Полициска екипа, јавен обвинител и вештак, веднаш излегле на местото на настанот, а во тек е утврдување на причините за сообраќајката.Лошата вест веднаш се рашири низ градот, а во дворот на болницата се собраа голем број на млади лица, пријатели и роднини на момчето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top