Германската полиција продолжува со темелната истрага по нападот на автобусот на Борусија Дортмунд, а последните информации велат дека станува збор за напад на исламистички напад. Полициските сили на синоќешната прес-конференција обелоденија дека во близина на автобусот е пронајдено писмо кое најверојатно е оставено од напаѓачите, за кое медиумите утрово открија нови детали.
– Постои сериозен сомнеж дека нападот е организиран од исламистичка организација. Писмото што е пронајдено почнува со зборовите „Во името на Алах“ – а во продолжението се наведува дека „отсега спортистите и останатите јавни личности во Германија исто така се наоѓаат на листата на смртта на Исламската држава – објави порталот „sz-online.de“.
Лицата што ја водат истрагата засега не излегуваат со официјални соопштенија, а за денеска во 14 часот е закажана нова прес-конференција по која ќе бидат познати повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.