| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва хуманитарен концерт за лицата со интелектуална попреченост

Група на ученици од Меѓународното училиште „НОВА“ вечерва организираат хуманитарен концерт насловен „TEENAGE RIOT“, за помош на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“, со почеток од 19 часот, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Хуманитарниот концерт е дел од проектот ЦКА- ПХВ (Црвен Крст во акција- Промоција на хумани вредности), кој се реализира во соработка со Меѓународното училиште „НОВА“.

Како што веќе најавивме, на овој настан учество ќе земат и повеќе познати македонски бендови: АРЕА, PMGКolektiv, MILLKO, FUNK SHUI, KHARA и LINCOLN LETTER.

Специјално изненадување на вечерта ќе биде настапот на корисниците од дневниот центар „Порака“ заедно со бендот FUNK SHUI.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top