| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нема промени во СДСМ, Бранко останува лидер во сенка

nikola-gruevski-i-branko-crvenkovskiКој и да победи на изборот на претседател на СДСМ на конгресот кој ќе се одржи во недела, Бранко Црвенковски ќе продолжи во сенка да раководи со опозициската партија, смета премиерот Никола Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, изборот на нов лидер во СДСМ нема да донесе промени во опозицијата. Борбата во СДСМ е за тоа кој ќе ја добие поддршката на Црвенковски.

„Таму е повеќе од јасно дека кој и да победи од овие кандидати, според нивното однесување досега, тоа ќе биде ситуација во која повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата затоа што се гледа дека тие повеќе во овој период се борат за милоста на Црвенковски отколку за што било друго”, рече Груевски, според кого надвладува впечатокот дека кандидатите повеќе се борат за поддршката на Црвенковски, отколку за тоа кој ќе стане идниот лидер на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top