| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците порачаа: Од домашните предавници не можеме глава да кренеме

Со поддршка за граѓанската иницијатива денеска повторно излегоа и земјоделците. Љупчо Аризанов во нивно име кажа дека некој не смее да се откаже од Тиранската платформа поради тоа што има наравено зулум, кој треба да го плати сега.

– Предавниците се кријат, се криеле, се кријат и ќе се кријат, поради тоа што немаат образ да излезат пред народот. Доколку некој е свесен и може да рече нешто чисто, од срце му е предложено него и многу варијанти досега, само да го рече зборот се повлекувам од Албанската платформа, но тоа не го прави, заради тоа што направил зулум пред тоа, некој тој зулум треба да го плати сега, па нека си го плати он, тој што го донел. Не може вечно да го поднесуваме тоа, од домашните предавници не можеме глава да кренеме. Македонија е Македонија, Македонија ќе остане. Од името на сите земјоделци на Македонија му порачуваме дека ќе дојдеме со илјадници и со трактори и со комбајни, па да видиме каде ќе оди, порача Аризанов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top