Заради големиот интерес на публиката за мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, Македонската опера и балет информираше дека претставата ќе биде повторно на репертоарот на 19, 20 и 21 април 2017 година.
Во претставата на 19-ти главните улоги ќе ги толкуваат: Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, на 20-ти Антонија Гиговска и Денис Димовски, додека на 21-ви, повторно Антонија Гиговска и Александар Тарабунов. Во останатите улоги настапуваат: Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Десанка Глигоријевиќ, Тони Михајловски, Тања Бојковска, Мила Николовска, Ристе Гавровски, Симеон Коруноски, Лазе Манасковски, Симон Манасковски, Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, и Калеша Џангаловска
Настапуваат Оркестарот, Хорот и Балетскиот ансамбл на МОБ, диригент е Иван Еминовиќ.
-Ве известуваме дека билетите за овие претстави се пуштени во продажба по цена од 600 денари на билетарницата на МОБ, во Југотон ГТЦ 1спрат, во сите продавници на Нептун низ Македонија и on line mob.com.mk i karti.com.mk, велат од Македонската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.