| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба пронајдена до гробот на српскиот новинар Славко Чурувија

Голем број полицајци ги блокираа денеска Новите гробишта во Белград, откако до гробот, во кој е погребан познатиот новинар Славко Чурувија, беше пронајдена бомба.

Голем број полицајци ги блокираа денеска Новите гробишта во Белград, откако до гробот, во кој е погребан познатиот новинар Славко Чурувија, беше пронајдена бомба, јави Танјуг.

Според весникот „Блиц” при ископувањето на гробот во близина била пронајдена бомба од Втората светска војна.

Новинарот Славко Чурувија, сопственик и главен и одговорен уредник на весникот „Дневни телеграф” беше убиен на денешен ден во 1999 година пред неговиот дом во центарот на Белград. Убиството се случи на Велигден, во екот на бомбардирањето на НАТО врз тогашната Сојузна Република Југославија.

Во тоа време на власт во Србија беше коалицијата меѓу Социјалистичката партија на Србија, Југословенската левица на Мира Марковиќ и Српската радикална партија. Неколку дена пред да биде застрелан Чурувија беше посочен од сопругата на Слобода Милошевиќ, Мира Марковиќ за поддржувач на бомбардирањето на НАТО.

Српското обвинителство за организиран криминал покрена обвинение за убиство на новинарот 15 години по криминалот.

Обвинети беа четворица поранешни вработени во Државната безбедност, Радомир Марковиќ како инцијатор и Милан Радониќ, Ратко Ромиќ и Мирослав Курак како извршители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top