-Политичката борба во Собранието е борба за Македонија каква што е унитарна, целовита со ова име што го имаме, а на СДСМ му пречи народот и ВМРО-ДПМНЕ за да ја испорача фактурата што ја презеле – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, кој денес присуствуваше на официјално отворање на нова инвестиција за одгледување и преработка на медицински канабис во Скопје.
– Тоа што е очигледно е дека на СДСМ му пречи ВМРО-ДПМНЕ, му пречи и народот затоа што имаат преземено обврски, но не кон народот и не кон некој што ја сака државата, унитарна и цела. Имаат преземено обврски и се исплашени за нивната иднина, особено нивниот лидер Зоран Заев, кој формирањето влада и прифаќањето на фактурата што треба да ја плати со задоволство ќе ја плати доколку народот не му попречи и доколку ВМРО-ДПМНЕ не е тука. За него во неговите мисли ќе значи спас од казна за тоа што го правеше во минатото. За неговите криминали, за неговите корупции, за неговите поткупи итн. Така што политичката борба во парламентот не е борба за власт, таа е борба за Македонија, таква каква што ја имаме унитарна, целовита со ова име, кое го имаме или, пак, сменета на начин на кој некој однадвор сака да ја смени и да ја обезличи – рече Груевски на новинарско прашање како го коментира однесувањето на СДСМ и неговите обвинувања за ненапуштање на власта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.