Едно лице е приведено во врска со тешката кражба во НЛБ „Тутунска банка“, соопштија денеска од МВР. Лицето е приведено вчеравечер во 19 часот во полициската станица во Кисела Вода. Нема информации дали тоа е осомничениот вработен.
Кражбата во ЕИК Скопје, ја пријавил Д.П., директорот на трезорот на НЛБ „Тутунска аанка“ вчера во 17 часот. Според неговата изјава нивен вработен Б.С.(40) одзел швајцарски франци и евра се во вкупна вредност од околу три милиони евра, по што незабележан од никого побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.