Политичката криза во која опозицијата ја втурна државата нема да нѐ поколеба да се откажеме од борбата за подобар живот на граѓаните. И во вакви исклучителни околности кои се важни за опстојувањето и иднината на државата, ние држиме до зборот и се трудиме да обезбедиме стимулирање на економијата и отворање на нови работни места, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Фејсбук.
Минатата недела беше промовирана новата германска инвестиција во Желино, Тетовско, а денеска официјално почнува со работа и уште една компанија, од медицинската индустрија, која доаѓа од САД, а инвестира во Скопје.
„Компанијата од САД која во Македонија ќе дејствува како „НЈСК холдинг“ ќе се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели, а планот е да вработат 200 лица. што значи сигурна егзистенција на 200 семејства. Инвестицијата ќе се развива во наредните 5 години. Тие веќе земаа браунфилд објект во фабриката ОХИС некаде околу 2000 квадратни метрикој го адаптираа за своите бизнис цели. Главни пазари на кои ќе се извезуваат продуктите од оваа компанија се ЕУ, пред сѐ Германија и Италија, како и Југоисточна Европа“, пишува Груевски и додава дека со ова запонува успешна приказна во еден од најголемите загубари во транзицијата.
„Ќе имаме една успешна приказна каде една фабрика во минатото беше затворена, а сега имаме рестартирање и употреба на дел од нејзините капацитети. Првичните контакти со сопствениците на „НЈСК холдинг“ се направени пред 4 години, за време на една бизнис-промоција на можностите за инвестирање во Бостон, САД. Комуникацијата продолжи и еве сега следува реализација на оваа инвестиција.“
Тој уште еднаш ги потсетува граѓаните и ги уверува дека неговата партија нема да се откаже од борбата за секое отворено работно место.
„Продолжуваме со ветеното и покрај сите опструкции, напади и наметнати кризи со кои се сака да се закочи државата и да се втурне во уште поголема криза. Македонија мора да се врати на патеките на прогресот, мудро и одлучно да продолжи напред. Тоа го сакаат граѓаните и ние за тоа се бориме.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски