| четврток, 6 декември 2018 |

Фин колега и татко на две деца: Кој е скопјанецот кој го изврши милионскиот грабеж во Тутунска банка?

trezor

Трезорскиот работник Б.С. кој во текот на вчерашниот ден од трезорот на Тутунска банка украл 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра е татко на две малолетни деца, семеен човек на свои 40 години, пишува Фактор.

– Тој секојдневно и рутинирано си ги извршувал своите работни обврски и се дружел со колегите. Важел за еден од фините колеги во трезорот, кој со задоволство, секогаш пиел кафе или одел на појадок со останатите вработени. Во позадина, го ковал планот за грабеж, пишува порталот.

Б.С. е татко на две малолетни деца, семеен човек на свои 40 години.

Грабежот се случил вчера пред 16 часот, а случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот. Се работи за сума од 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

Досега истрагата вели дека вработениот парите ги ставил во кеса, без да биде забележан од обезбедувањето или од колегите, по што излегол од банката. Од МВР веќе соопштија дека по крадецот се трага со меѓународна потерница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top