| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува „Оф-фест 2013“

Вечерва со настапот на познатата и наградувана индиска ситаристка Анушка Шанкар, ќерка на легендарниот Рави Шанкар и сестра на уникатната Нора Џонс, започнува дванаесеттото по ред издание на фестивалот на светска музика, „Оф-фест“.

Ану­шка Шан­кар де­нес е ед­на од во­деч­ки­те фи­гу­ри на т.н. му­зи­ка на све­тот. Неј­зи­но­то тво­реш­тво вле­че ко­ре­ни од ин­ди­ска­та кла­сич­на му­зи­ка, ка­ко и од му­зи­ка­та на неј­зи­ни­от та­тко, ле­ген­дар­ни­от Ра­ви Шан­кар, кај ко­го таа се шко­лу­ва од сво­ја­та де­ве­та го­ди­на. Ка­ко ком­по­зи­тор, таа ја истра­жу­ва плод­на­та син­те­за на ин­ди­ска­та му­зи­ка со раз­ни му­зич­ки жа­нро­ви, ка­ко: фла­мен­ко, еле­ктро­ни­ка, џез и кла­сич­на му­зи­ка. Ану­шка Шан­кар два­па­ти е но­ми­ни­ра­на за пре­стиж­на­та на­гра­да „Гре­ми“, а бе­ше и најм­ла­да­та му­зи­чар­ка и пр­ва же­на во исто­ри­ја­та на „Гре­ми“ но­ми­ни­ра­на во ка­те­го­ри­ја­та му­зи­ка на све­тот, за неј­зи­ни­от ал­бум „Live at Carnegie Hall“ (2002), а по­доц­на и прв му­зи­чар од Ин­ди­ја што бе­ле­жи на­стап на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­ди­те „Гре­ми“ (2006) ко­га бе­ше но­ми­ни­ра­на за ал­бу­мот „Rise“.

Anoushka-KG12-credit-simonyc

Во 2011 го­ди­на, поз­на­та­та гер­ман­ска ети­ке­та „Дој­че гра­мо­фон“ го из­да­де неј­зи­но­то ше­сто це­де-из­да­ние „Traveller“, што ѝ ја до­не­се ти­ту­ла­та нај­до­бар му­зи­чар од стра­на на ма­га­зи­нот „Сонг­лајнс“, ка­ко и но­ми­на­ци­ја­та за на­гра­да­та „Гре­ми“ во ка­те­го­ри­ја­та нај­до­бар  ал­бум со му­зи­ка од све­тот. Тра­гај­ќи по ко­ре­ни­те на фла­мен­ко му­зи­ка­та во тра­ди­ци­ја­та на ин­ди­ски­те Ра­џа­ста­ни Ро­ми, во соз­да­ва­ње­то на „Па­ту­вач“ учес­тву­ва­ат ин­ди­ски и фла­мен­ко му­зи­ча­ри.

Shankar_2011_05_E_203-©-Harper-Smith-DG1

Про­гра­ма­та на два­на­е­сет­то­то из­да­ние на „Оф-фест“ но­си шест бо­га­ти фе­сти­вал­ски ве­че­ри, во кои ќе на­ста­пат поз­на­ти и зна­чај­ни му­зи­ча­ри од Ин­ди­ја, Шпа­ни­ја, Јуж­на Ко­ре­ја, Тур­ци­ја, Ко­лум­би­ја, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Ма­ро­ко, Се­не­гал, Фин­ска, Сло­ве­ни­ја и од Ма­ке­до­ни­ја, а ќе би­де при­ка­жан и еден му­зич­ки до­ку­мен­та­рен филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top