| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо ќе го пропушти „Ел класико“?

Играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се соочува со суспензија и со тоа да го пропушти „Ел Класико“ против Барселона на 23 април, бидејќи на дербито во саботата против Атлетико Мадрид му се развика на судијата.

Роналдо некоректно се однесуваше кон судијата Рикардо де Бургос, по една негова одлука да досуди гол-аут и топка за противникот.

Според пропозициите на Ла Лига доколку играч изрази непочитување кон судијата или официјлано лице на натпревар, може да биде казнет со 2 до 3 натпревари или еден месец неиграње.

За Роналдо постои опасност да го пропушти дуелот со Барселона (23 април) и доколку на следниот натпревар против Реал Сосиедад добие жолт картон. Можно е исто како и пред дуелот со Атлетико Мадрид, тренерот Зиндеин Зидан да го изостави од тимот напаѓачот. Реал Мадрид во среда гостува кај Баерн Минхен во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top