| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Ајде сега Деловникот нека ја плати цената на политичката амбиција на аболираниот криминалец да стане премиер

milososki-640x378

Имаме еден обид за насилно и неделовничко однесување во Собранието од оние коишто три години нѐ учат на демократија, на слобода на говор, на пресумпција на невиност, само затоа што имаат ограничен временски рок кога треба Заев да го испорача она што го вети, истакна на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој вели дека Деловникот треба да биде жртва поради амбициите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да стане претседател на Владата.

-Сега Деловникот треба да ја плати цената за неговата политичка амбиција од аболиран криминалец да стане претседател на Владата. Никој нема против никого да има амбиции, ниту за оние кои се аболирани, ниту за оние кои не се аблолирани. Не може тука деловникот да биде жртва, и слободата на говорот на пратениците избрани од народот да биде помалку важна од изборите и од изборната демократија, а најважно да биде тоа што е договорено по изборите – посочи Милошоски.

Тој ги праша пратениците на СДСМ како можеле пред изборите да ветуваат едно, но по изборите да поддржат платформа која е потпишана во друга држава.

– Како може пред изборите да ветувате една програма, а по изборите ги измамивте сите граѓани и се договарате за една уцена потпишана и заверена во друга држава? – праша Милошоски.

Пратеникот смета дека Собранието мора да го почитува Деловникот без разлика на тоа што некому му се брза да ја испорача, како што вели, ветената платформа којашто е уцена за некој да стигне на власт.

-Сметам дека без разлика на обидите да се создаде само поголема тензија и да се оди преку политичко или неделовничко насилство треба сите да постапуваме според Деловникот којшто важел од основањето на ова Собрание, па до денес. Не може започната точка и започната расправа да биде прекината само затоа што на некого му се брза да ја испорача ветената платформа којашто е уцена за некој да стигне на власт, мамејќи ги граѓаните и носејќи ги до еден свршен чин пред еден проект којшто е штетен за државата, а не бил предмет на изјаснување на граѓаните на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top