Во нападот биле убиени локални ловци кои продавале месо од мајмуни и диви свињи. Таквото месо е забрането за јадење кај муслиманите, изјавил претставник на локалните власти во местото Дамбо.
Се претпоставува дека напаѓачите се членови на организацијата Боко Харам. Групата е формирана во 2002 година и се залага за воведување на шеријатски закон во цела Нигерија вклучувајќи го и јужниот дел каде што најголем дел се христијани и анимисти. Минатата година во нападите на Боко Харам биле убиени повеќе од 780 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


