Најдобрата македонскат тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во последната рунда од квалификациите на турнирот во Биел, Швајцарија, откако ја совлада Латвијката Дијана Марцикевица со 6:4, 4:6, 6:4.
Ѓорческа ја оправда фаворитската улога против Латвијката, која е сто места подолу во однос на нашата тенисерка (187-296), и сосема заслужено забележа победа со 2:1 во сетови. Лина во последниот меч за пласман на главниот турнир ќе ги одмери силите со првата носителка во квалификациите, Белорусинката Александра Сашнович, меч кој ќе стартува утре од 12:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.