Терористичката организација „Исламска држава” ја презеде одговорноста за двата самоубиствени бомбашки напади извршени во коптски храмови во Египет.
– Тимови на ИД ги извршија овие две напади врз двете цркви во градовите Танта и Александрија, објави агенцијата АМАК, која е пропагандна агенција на ИД.
Нападите се извршени пред посетата во Египет на папата Франциско, закажана за 28 и 29 април и по повик, упатен од локалниот огранок на ИД за напади врз христијаните во Египет. Вкупно, во двата напади, убиените се 44 лица, и тоа 31 во Танта и 13 во Александрија. Повредените се над 100, односно 78 во Танта и 37 во Александрија.
При нападот во црквата во Танта напаѓачот се саморазнел во храмот. Во вториот напад, напаѓачот се саморазнесе на влезот на коптската катедрала „Свети Марко) во Александрија, откако не му било дозволено да влезе внатре. Катедралата е седиште на коптскиот патријарх Тавадрос Втори. За време на нападот тој бил во храмот и е отслужена празнична литургија по повод Цветници. Високиот свештеник не е повреден во нападот, пренесе ТАСС, повикувајќи се на египетската државна телевизија.
Властите на градот Танта соопштија дека таму била деактивирана уште една бомба, во реонот на локалната џамија, јави ТАСС.
Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси изјави дека двата напади се извршени како против христијаните така и против муслиманите во земјата.
– Овој терор, насочен против нашата татковина ќе го сплоти уште повеќе египетскиот народ во стремежот му да се спротивстави на тероризмот и да воспостави безбедност во земјата, изјави Ал Сиси.
Toj изрази сочуство на смејствата на загинатите и свика итен состанок на Националниот совет за одбрана на кој ќе се дискутира за тоа што се случи во Танта и Александрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.