| четврток, 6 декември 2018 |

Португалски ученици демолирале хотел и направиле штета од 50.000 евра

26019C1300000578-2965260-image-a-10_1424704860933

Шпанската полиција денеска соопшти дека 1.200 португалски ученици предизвикале материјална штета во вредност од десетици илјади евра, додека претстојувале во хотел на југоисточниот брег на таа држава.

Претставник на локалната полиција во Торемолинос изјави дека полицијата морала да интервенира во повеќе наврати во изминатите два дена во хотелот Пуебло Камино Реал, кој се наоѓа во близина на Малага.

Тој наведе дека хотелот пријавил штета од 50.000 евра во собите и останатите простории на хотелот.

Учениците биле на возраст помеѓу 14 и 19 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top