| четврток, 6 декември 2018 |

Дурловски: Жал ми е што многу Албанци од Македонија не ја чувствуваат Македонија за своја

durlovski3-768x381

Живеев 10 години во Германија и благодарен сум ѝ на таа држава што ми овозможи да се изградам како уметник на високо ниво. Кога ќе направам паралела со моите сограѓани Албанци, имам чувство дека повеќето од нив Македонија не ја чувствуваат за своја, пособено луѓето кои симболите не ги чувствуваат за свои, изјави Игор Дурловски правејќи споредба меѓу животот во Германија и во Македонија.

– Има исклучоци, меѓутоа чудно е што јас како човек кој не е роден во Германија, имам чувство на припадност. Кога Германија игра на светско или европско првенство ако не игра Македонија, секогаш навивам за неа или имам посебни убави чувства кон таа држава, зашто ми дала нешто и се трудам да ѝ вратам со мојата лојалност. Одреден дел од албанското население го нема тоа чувство за Македонија што им го дала сето она што го имаат, и криво ми е поради тоа –  изјави Дурловски.

Протестите, политичките случувања, неговата кариера и ангажманите во Македонската опера и балет беа теми на разговор со Игор Дурловски во емисијата „Око“ на ТВ „Нова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top