Македонија се брани само со идеологија и никој не може да ве купи, вели Игор Дурловски, оперски пејач и еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ како одговор на коментарите по неговото инволвирање во општествениот и политичкиот живот во земјава.
Вели неговиот ангажман во протестите „За заедничка Македонија“ многумина го протолкувале позитивно, но има и такви кои упатуваат критики на социјалните мрежи.
-Луѓето беа изненадени од мојата постапка, повеќето позитивно, дел негативно. Целта беше да покажам дека плукањето од типот дека некој брани директорска фотелја или брани став заради туѓи интереси и идеи е погрешна. Еден мој ангажман во странство е можеби две годишни директорски плати. Ниту една плата не е доволна да ме натера да одам на протести или да го правам она што сега го правам. Тоа што го правиме сите ние што излегуваме на улиците низ Македонија не се купува со никакви пари, меѓутоа најверојатно луѓето што напаѓаат се тие што би можеле да бидат купени и тргнуваат од себе. Македонија се брани само со идеологија и не може да ве купат. Верувам дека луѓето ќе продолжат и понатаму да плукаат, некои поради директорска фотелја, други поради тоа што сакаат да деградираат, и тоа можеби е нивно право, секој може да напише и каже што сака. Не се ни трудам да ги бришам коментарите во кои има плукaње и невистини, но барам моето право на избор да почитува, вели Дурловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Паднаа во вода шпекулациите на некои медиуми: Дурловски е дел од „За заедничка Македонија“
-
Дурловски: Во сопствената држава немате право да покажете патриотизам, а да не сте етикетирани
-
Дурловски: Заедничка Македонија е мојата визија!