| четврток, 6 декември 2018 |

Дурловски: Заедничка Македонија е мојата визија!

Да нема недоумица! ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА е мојата визија и желба, во која сите националности ќе уживаат еднакви права и можности, но без загрозување на мојот ИДЕНТИТЕТ, пишува Игро Дурловски во својот ФБ статус.
Како раководител на најголемата национална установа, сум се погрижил сите да се чувствуваат добредојдени во овој храм на уметноста.

Во неговата 70-годишната историја за прв пат:
– Албанските деца имаат можност да следат претстави на нивниот мајчин јазик
– Публиката од албанска националност има можност да следи превод на оперските претстави на својот мајчин јазик
– Веб страната е преведена на албански јазик
– Активно се залагам за вработување на стручни кадри од албанска националност
– Активно соработува со сродни институции и уметници од градовите со мнозинско албанско население, како и со Албанија и Косово.
Проценете сами!

Мојата кариера не зависи од директорската фотеља! Сум имал и сѐ уште имам повеќе ангажмани во странство отколку што можам физички да прифатам. Штутгард, Макао, Москва, Рим, Виена, Лајпциг, Линц, Токио и многу други. Само што откажав ангажман во Палермо, Токио и Осака овој месец за да бидам со моите сограѓани во овие пресудни моменти, а еден мој ангажман во странство е еднаков на две годишни директорски плати.
Повелете “пукајте”!

Да живее Македонија!

П.С.Се гледаме пред влада, наведува Дурловски во својот најнов ФБ пост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top