| четврток, 6 декември 2018 |

„За заедничка Македонија“ повикува: Наредните три дена се многу важни, ве покануваме на улиците да бидеме побројни и погласни

­

skopje-za-zaednicka-makedonija-640x360

Наредните три дена ќе се многу важни за сите оние кои ја сакаат заедничка Македонија, а не за оние кои сакаат да ја поделат. Ве покануваме да бидете со нас на улиците, неколку пати извојуваме помали многу значајни победи, убедени сме дека ќе победиме и во конечната битка бидејќи доброто секогаш победува, истакна на денешната прес-конференција Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Ниту еден граѓанин во Република Македонија не гласаше за Тиранска платформа. Над 1 милион и 100 илјади Македонци беа измамени и шверцерски им се подметна документ изработен во соседна држава кој има за цел да ја одреди судбината на нашата држава. Тоа никоја разумен граѓанин на оваа земја не може да го прифати и не смее да го дозволи, а ова особено се однесува до политичките лидери кои се обидуваат да подметнат еден ваков документ, вели Илиевски.

Тој упати апел политичките лидери да покажат разум и да покажат лидерство. Илиевски додава дека иако се обиделе минатата да изберат претседател во Собранието кој не се откажал, не го осудил овој документ, не ја отфрлил неговата содржина, не успеале бидејќи, како што рече, граѓаните излегоа на улиците, а граѓаните се на улици бидејќи не сакаат никој да ги лаже, да ги манипулира, никој да им подметнува разноразни платформи донесени во соседни држави.

-Наредните неколку денови, понеделник, вторник и среда, да следат сè, да бидат будни, да бидат на готовс бидејќи и во минатото сме виделе како токму пред големи христијански празници, планери на кризи и сценарија се обидувале да подметнат свои отровни планови во Република Македонија. Ние не се откажуваме, напротив продолжуваме и покажавме дека можеме и 200.000 да бидеме на улица и со многу љубов, позитивна енергија со многу достоинство да го артикулираме нашиот глас и да кажеме дека сме за заедничка Македонија. покажавме дека можеме 200.000 да сме на улица не насилни, туку да апелираме на разум и конструктивност и да нагласиме дека никој не смее да си игра и да ги потценува сите граѓани. На неразумните политичари кои шверцуваат такви странски платформи им порачуваме „Доста не лажевте, нема да ви помине“. Апелираме на разум и на државно обединување, време е да престанат да се прават глуви и да се однесуваат како разумни лидери и да го слушаат народот. Ако не знаат тоа да го прават, нека остават луѓе со повеќе разум тоа да го сторат, луѓе кои имаат меѓусебна почит, а не да се уценуваат, вели Илиевски.

Борис Дамовски, кој исто така е еден од организатори, посочи дека во нефункционална држава, сепак постои функционален народ кој знае за што се бори.

-Ве повикувам овие дена да бидете со нас, за да бидете со вас. Апелирам секој да земе учество во протестите, да бидеме што побројни и погласни за да ја направиме оваа држава функционална, нагласи Дамовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top