| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски грабеж во Чаир – скопјанец „олеснет“ за 15 000 евра

Две непознати лица, маскирани и вооружени со пиштоли, вчера наутро околу 8 часот, во близина на пешачки премин на улицата „Петре Георгиев“ во Скопје, го нападнале 63-годишниот Р.Џ. од Скопје.

Разбојниците го „олесниле“ скопјанецот за околу 15.000 евра.

Настанот се случил додека Р.Џ. со возило се движел по улицата, се додека патот не му бил пресечен од друго возило со непозната марка, од кое излегле насилниците, му ги впериле пиштолите и со закана му ја одзеле ташната во која биле парите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top