Најмалку 21 човек загинаа, а 50 се повредени при експлозија во коптска црква во египетскиот град Танта, соопшти егиопетското Министерство за здраство.
Експлозијата се случила во црквата Мар Гиргис за врема на прославата на верскиот празник Цветници. Се претпоставува дека нападот го извршил бомбаш самоубиец. Христијаните се околу 10 проценти од 92милионското население на Египет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.