Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Кина, која утринава се возеше како втора трка од новиот светски шампионат. Британецот, кој вчера ја извозе и пол-позицијата, доминираше од првиот до последниот 56. круг и на полесен начин од предвиденото стигна до највисокото место на пиедесталот.
Трката во Шангај одлично ја возеше и некогашниот светски првак Себастијан Фетел на Ферари и го освои второто место, а трет беше Верстапен.
За Хамилтон ова е вкупно петта победа во Кина, нешто кое не му успеало на ниту еден формула 1 возач досега.
Хамилтон и Фетел по две трики имаат по едно прво и едно второ место, па ја делат првата позиција во генералниот пласман.
За разлика од многу претходни, трката во Кина беше исклучително интересна. Освен херојското возење на Верстапен, трката беше одбележана и од сударот на Џовинаци веќе во четвртиот круг. Безбедносното возило мораше да биде на патеката, што овозможи далеку полесна победа на Англичанецот.
Четвртото место на трката го освои Даниеле Рикардо од Ред Бул, а петти беше возачот на Ферари, Кими Раиконен. Бодови уште освоија и Валтери Ботас од Мерцедес, Карлос Саинц од Торо Росо, Кевин Магнусен и двајцата возачи на Форс Индија, Серхио Перес и Естебан Окон.
Следната трка од Ф1 шампионатот е во недела, 16. април од 17 часот за Големата награда на Бахреин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.