Легендарната пејачка и најмлада сестра на Мајкл Џексон, Џенет Џексон, само неколку месеци откако на 50 години го доби своето прво дете, го напушти својот богат сопруг Висар Ал Мана јави pagesix.
Извори за медиумот велат дека Џенет повеќе не можела да ја поднесе контролата која нејзиниот сопруг и ја наметнувал. Таа процени дека премногу ја контролирал за време на бременоста, иако веќе претходно му дозволила да и диктира како ќе изгледа, како ќе се облекува, па дури и како ќе настапува на концертите, вели изворот.
Блиски на Џенет Џексон велат дека проблемот почнал поодамна поради неговата потреба се да конролира. Тоа одело дотаму што за време на турнејата во 2014 и ги забранил нејзините танчерски точки и изгледот по кој претходно била препознатлива на своите концерти, па таа почнала да чувствува дека ја губи својата база на фанови.
Покрај тоа, Висар не сакал да поминува време со нејзините роднини и пријатели. Сепак, тие се надевале дека бебето ќе ги подобри работите. На 3 јануари се роди нивниот син Елса Ал Мана, но работите не се подобриле.
Џексон чувствува дека сите компромиси ги прави само таа, а нејзиниот 41 годишен сопруг само наредува. Чашата се прелила кога не покажал никакво интересирање за проблемите за
мајката на Џенет, која побарала помош од нив. Се проценува дека Џенет располага со богатство од 250 милиони долари, а Висар е катарски бизнисмен полн со пари. Не се знае дали потпишале некаков предбрачен договор..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.