| четврток, 6 декември 2018 |

Што ти направиле-Ана Ивановиќ ги запрепасти фановите!

ана

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ позирала за насловната страница на германското издание на магазинот “Harper’s Bazaar”, а нејзините фотографии предизвикаа коментари какви сигурно не очекувала.

ана2

-Никогаш не би погодила дека си ти на насловната страница. Со Фотошоп целосно ти го промениле лицето. Штета, ти си толку убава жена и немало потреба од толку Фотошоп- ѝ напишала една обожавателка на Инстаграм, откако Ана ја објавила фотографијата од насловната страница.

-Што ти направиле на фотографиите? Ти си преубава без никакво средување во Фотошоп- ѝ напишала друга обожавателка, а во еден коментар пишува дека на магазинот треба да му е срам што толку многу ја користат оваа програма за средување на фотографиите.

ана3

Ана не се грижела за коментарите, а во интервјуто, меѓу другото, зборувала за тоа како се одржува во топ форма. Таа рекла дека често вежба со нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер, но дека не се придржува до посебни режими на исхрана, бидејќи сака да ужива во храната.

ана4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top