Имајќи предвид каде и како го затекнавме здравството, а каде сме го довеле денеска и колку инвестиции имаме и во опрема и во инфраструктура и во кадар, колку реформи се направени од аспект можам да кажам дека сум задоволен, истакна во вестите во ТВ 24 членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.
-Но има уште многу работи да се направат, одлив на лекари има многу помалку отколку како на пример во Хрватска или Словенија, или Бугарија или некои други држави членки на ЕУ, ова е еден глобален феномен и како што кажав во Македонија има многу помалку отколку во овие земји во кои што ги споменав. Од друга страна откако јас сум министер, здравството е зајакнато од аспект на човечкиот капацитет за околу пет илјади нови вработувања, тоа значи дека сериозно се пополнет јазот направен во минатото кога воопшто не се водело сметка за човечките потенцијали, рече Тодоров.
Тој додаде дека имаат направено сериозен исчекор напред во делот на смртноста на новороденчињата и она што го оставила претходната влада беше една катастрофална слика со 14, 5 проценти, додека денес имаме стапка од 8,5 и ова е скоро преполовување на смртноста кај доенчињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто