Во акцијата за спречување на ланец за трговија со дрога која полицијата ја спровела синоќа запленети се над 20 килограми марихуана.
Според првичните информации уапсен е камионџија кој бил дел од меѓународна мрежа за шверц со наркотици и на кој запленет му е камионот каде била пронајдена марихуаната.
Освен него уапсени се и повеќе други лица меѓу кои има и еден полициски службеник, пренесува Пресс24 .
Официјална потврда за апсењето сеуште нема, а деталите се очекуваат во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.