Корисниците од улиците „Шарски одреди“, „Бел Камен“ и дел од улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“ во општина Центар денес од 9 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Шарски одреди“ кај крстосница со улицата „Васил Ѓоргов“ во населба Водно.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го санираат дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.