Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен во котлините на север и в долж Повардарието, а брзината на ветерот повремено ќе надминува 60 км/час.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени. Метеоролошките мерења со жолт аларм предупредуваат за силината на ветрот во главниот град.
Во наредните денови се очекува стабилизирање на времето. Ќе дува ветер од јужен правец. Утринската температура во недела на места ќе се спушти под нулата, а дневната температура ќе биде во пораст и ќе достигне над 20 степени во регионите на југоистокот. Во вторник се очекува температурата на југоисток да достигне 24 степени.
Следниот викенд се очечкува облачно време со слаби врнежи од дожд. Температурата ќе се движи до 20 степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.