| четврток, 6 декември 2018 |

Богатиот сопственик на Монако, Риболовлјев, во лов на Пандев

Богатиот руски сопственик на Монако Димитри Риболовлјев тргна во лов и на Горан Пандев, а како што објавија италијанските медиуми, тој испратил понуда до раководството на Наполи за ангажман на македонскиот репрезентативец. Риболовлјев троши немилосрдно, но како што вели ќе го направи Монако дрим-тим. Рускиот милијардер веќе потроши околу 150 милиони евра, а летниот преоден рок е на самиот почеток.

Ако се остварат најавите на италијанските медиуми тогаш поптрошената сума на Риболовлјев ќе порасне за десетина милиони евра, ако Пандев пристигне во Монако. Нашиот репрезентативец претходно најави дека сака да остане во Наполи, но таму се менуваат работите, со пристигнувањето на новиот тренер Рафаел Бенитез.

Во Монако во овој преоден рок пристигнаа Радамел Фалкао за 60 милиони евра, двоецот од Порто Мутињо и Родригез за вкупно 70 милиони евра и Карвалјо од Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top