Eдната коловозна лента на мостот „Тодор Александров” (поранешниот мост „Близнак”) денеска (1.о6.2013 година) ќе биде затворена за сообраќај, поради изведување градежни работи за санација на дел од дилатационата фуга на мостот, известуваат од град Скопје.
На мостот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.