Веќе подолго време течат приказните дека Давид Де Хеа ќе го напушти Манчестер јунајтед и ќе потпише за Реал Мадрид. Тоа конечно може да се случи ова лето.
Се погласните шпекулации дека двата клуба веќе ги почнале преговорите, а Јунајтед веќе ја одредил цената за која би го пуштил својот голман во Мадрид. Манчестер јунајтед бара 77 милиони евра отштета, сума за која Реал може да го доведе.
Де Хеа во Јунајтед пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид за 20 милиони евра, што и натаму е британски рекорд за некој голман. Доколку Де Хеа потпише за оваа сума, тоа ќе биде соборување на светскиот рекорд кој во моментов го држи Буфон. Легендарниот голман рекордот го постави уште во 2001 година кога од Парма се пресели во Јувентус за 53 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.