| четврток, 6 декември 2018 |

Тој е главната причина за разводот на Анџелина и Бред!

an

Режисерот Ијан Халперин реши во својот нов документарен филм да ја открие тајната на Анџелина Џоли и Бред Пит.

Тој тврди дека има докази дека за развод на холивудските актери, виновен е братот на актерката Џејмс Хејвен.

 

-Тој до таа мерка беше близок со нив, што живееше во нивниот семеен дом, што Бред го доведуваше до лудило. Поради тоа актерот постави ултиматум или тој или јас – изјави Халперин.

Блискоста на Анџелина и нејзиниот брат е позната на светот, посебно откако на доделувањето на Оскарите во 2000 година се бакнаа во уста, што ги шокираше сите.

a

Халперин тврди дека нивниот потег не бил само представа за јавноста, туку дека меѓу Анџелина и нејзиниот брат постои нешто повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top