| четврток, 6 декември 2018 |

Баба со деменција нападната на Бит-пазар, со тешки повреди на Ургентен

Вчера во 14,55 часот Г.С. пријавил дека на ул.„Крсте Асенов“ од страна на непознат сторител физички била нападната С.С.(87), која боледува од деменција.

Од страна на полициски службеници од полициската станица во Бит Пазар, констатирано е дека се работи за разбојништво извршено од непознат сторител кој ја нападнал С.С, а потоа насилно и ги истегнал обетките од ушите, при што истата со возило на итна медицинска помош е префрлена во Ургентен Центар Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top