| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна американски воен авион „Ф­16“

iraqi-general-f16-crash

Во близина на националниот аеродром во Мериленд, денеска се урна американски бомбардер „Ф­16“, а пилотот успеал безбедно да се катапултира, изјавија неименувани американски претставници.

Тие наведоа дека авионот се соборил југозападно од националниот аеродром во ненаселено подрачје. Портпаролот на пожарникарската служба Марк Бредли изјави дека пилотот е најден во истото подрачје каде што се случила несреќата.

Евакуирани се жителите од местата што се наоѓаат во близина на подрачјето каде се урнал авионот. Засега е непозната причината за падот на бомбардерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top