Во рамките на 40-то издание на манифестацијата „Денови на македонска музика, утре, (сабота, 8 април) во
Музеј на град Скопје, 20 часот, ќе се одржи концерт на гудачкиот квартет „Антарја“ – Полска: Барбара Мглеј – виолина, Елжбјета Мудлаф – виолина, Магдалена Шмјеловјец – виола, Јакуб Гајовник – виолончело
Музеј на град Скопје, 20 часот, ќе се одржи концерт на гудачкиот квартет „Антарја“ – Полска: Барбара Мглеј – виолина, Елжбјета Мудлаф – виолина, Магдалена Шмјеловјец – виола, Јакуб Гајовник – виолончело
На програмата се дела на жени-композиторки од Балканот: Ивана Стефановиќ и Исидора Жебељан (Србија), Уршка Помпе (Словенија), Санда Мајурец и Лаура Мједа Чуперјани (Хрватска), како и композиции на македонските авторки Јана Андреевска и Валентина Велковска – Трајановска. Концертот е дел од проектот „Жени-композиторки од просторите на бивша Југославија“ на Институтот за камерна, рана и современа музика „Јозеф Хајдн“ и на Катедрата за музикологија при Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, реализиран под раководство на проф. Вида Вујиќ. Проектот опфаќа концерти, работилници, предавања и дискусии на теми за положбата и улогата на жените композиторки од поранешните југословенски републики. Програмата со која ансамблот ќе настапи на „Деновите на македонска музика“ доживеа неколкукратни изведби во Виена и Љубљана, а наесен следуваат настапи и во Белград и Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.