Заев е, пред сè, многу исплашен. Преплашен. Затоа што, очигледно, не го испорачал тоа што се очекувало од него. Влегол во туѓа игра од која не може да излезе. Тој сега прави грешки. Кога е човек исплашен прави грешки. Тие негови грешки сега го внесуваат во многу потешка состојба од таа кога почна сето ова, кога сакаше преку снимки, кои, како што вели тој, ги добил од странски служби, да ја урне легално избраната Влада на Република Македонија, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за хрватската национална телевизија ХТВ одговарајќи на прашањето која е причината за постапките на Заев.
Во интервјуто за ХТВ, Иванов посочува дека лидерот на СДСМ Зоран Заев 67-те потписи ги добил под уцена од албанските партии да прифати платформа, која, како што нагласи, е донесена во кабинет на премиер на туѓа држава.
– Доколку јас дадам мандат на некој што прифатил платформа на туѓа држава, во согласност со нашиот Кривичен закон, членот 308, ја уривам независноста на државата. Во членот 308 стои: тој што би ја довел државата во подредена состојба и зависност на друга државност се казнува до пет години – вели македонскиот претседател.
Според Иванов, ниту Уставот, ниту неговата совест, ниту свечената заклетва што ја дал како претседател на Република Македонија, не му дозволуваат да му го даде мандатот на Зоран Заев и да си дозволи да ја доведе Македонија во подредена состојба и зависност од друга држава.
– Мојата заклетва се разликува од другите јавни функции и таму стои дека јас морам совесно и чесно да ја вршам функцијата Претседател на Република Македонија. Да ги почитувам Уставот, законите, но и територијалниот интегритет, сувереноста и независноста на државата – вели Иванов во интервјуто за ХТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Претседателот Иванов им посака успешен настап на членовите на џез-квартетот „Форплеј“ од САД во „Вила Билјана“ во Охрид
-
Иванов: Да ја почитуваме и чуваме Република Македонија