Дисциплинската комисија на ФФМ го суспендира Ардит Шаќири, фудбалерот на Шкендија кој физички се пресмета со судиите во финалето на Купот на Македонија. Од него е побарана писмена изјава, исто како и од помошните судии на овој меч, по што ќе следи и конечната одлука околу казната на Шаќири. Ардит влезе во жестока расправија со еден од помошниците на Александар Ставрев и го фати за „гуша“, а поголем инцидент спречи тренерот на Шкендија, Артим Шаќири.
Голманот на Шкендија, Хадис Велии, кој доби црвен картон во финалето, ќе паузира на еден натпревар, веројатно в недела во последното коло од домашниот шампионат. Поведена е постапка против ФК Шкендија поради недолично однесување на нејзините навивачи, поради што дојде и до прекин на финалето во Купот на Македонија. Иста постапка е поведена и против ФК Тетекс, а претставниците на двата клуба ќе треба да дадат изјави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.